Радник Македонија 1

Тео Донев е ученик во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, сектор: угостителство и туризам, квалификација: хотелско-ресторански техничар

Интересирања: готвење, возење велосипед, да создава кариера во угостителството

Искуство во воннаставни активности:
• Учество на гастрономскиот настан „Кратовска Компиријада 2023“
• Учество во „Лице в лице“ со Претседателот на РСМ Стево Пендаровски каде што се промовира училиштето и кратовкските гастрономија и занаетчиство
• Учество на „Новогодишен базар 2023“ организаиран од Општина Кратово
• IPA – CBC проект: обука за ученици во рамки на проектот „Рурален туризам, нова перспектива за младинска мобилност“ финансиран од Европската Унија, во рамки на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија. Проектот го спроведува сердното училиште „Светозар Крстиќ – Тоза“ во соработка со СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово (Северна Македонија) и Здружението Limitless од Белград.
• Подготовка, сервирање и послужување на коктел партија по повод патрониот празник на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово 2023

Лични особини: посветен, сериозен и точен во извршување на активности

Вештини: Готвење, сервирање, декорација на порции

Описна оцена на главните професори (ментор): Ученикот е целосно заинтересиран за угостителството и во делот на послужувањето, а изразито во делот на готварството. Самостојно се снаоѓа во извршување на активностите за време на практичниот дел од воспитно-образовниот процес без оглед на тоа што е на почетокот на своето угостителско образование.

Е-пошта:
teodonev6@gmail.com