Радник Македонија 2
Алекс Марковски е ученик СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, сектор: угостителство и туризам, квалификација: угостителски техничар за рурален туризам
Интересирања: по завршувањето на средното образование сакам да напредувам во угостителството со тоа што ќе работам како келнер во некој полуксузен ресторан, а потоа да отворам и сопствен ресторан кој ќе има убав поглед на убава локација
Искуство во воннаставни активности:
• Учество на регионалниот саем за промоција на стручни училишта во Пробиштип.
• Учество во „Лице в лице“ со Претседателот на РСМ Стево Пендаровски каде што се промовира училиштето и кратовкските гастрономија и занаетчиство
• IPA – CBC проект: обука за ученици во рамки на проектот „Рурален туризам, нова перспектива за младинска мобилност“ финансиран од Европската Унија, во рамки на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија. Проектот го спроведува сердното училиште „Светозар Крстиќ – Тоза“ во соработка со СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово (Северна Македонија) и Здружението Limitless од Белград.
• Подготовка, сервирање и послужување на коктел партија по повод патрониот празник на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово 2023
Лични особини: професионален во изведување на своите работни активности, точен и навремен, ведар, харизматичен, услужлив, прилагодлив
Вештини: Современо угостителско послужување, одлични комуникациски вештини во делот на работа со клиенти, готвење
Описна оцена на главните професори (ментор): Ученикот е целосно заинтересиран за угостителството и постојано ги надоградува своите вештини. Способен е самостојно да извршува послужување следејќи ги сите потребни чекори од современото угостителско послужување. Искуството го има стекнато со практична обука во училиште, но пред сѐ во повеќе угостителски објекти во градот и регионот. Во моментот се обучува и во делот на гастрономијата, каде покажува високи резултати.
<br>
Е-пошта:
aleksmarkovski57@gmail.com
Date:
23/05/2024
Category: